луѓето ги менуваат своите погледи кон свето
нивните умови се лелеат како на ветро вејки
едно мислат, друго зборуваат, а прават трето
започуваат со плачење, а завршуваат смеејки
Saturday, April 16, 2011
искуства
ме продадоа за купишта девизи,
а сега сакаат за ситно да ме купат
и денеска ми нудат измислени кризи
о господе со кого ли в мозок се дупат
ме ставија на берзите како ефтина роба
и секојдневно ја менуваат мојата цена
искуствата лични ќе ги носам до гроба
оние со нив и оние со бившата жена
а сега сакаат за ситно да ме купат
и денеска ми нудат измислени кризи
о господе со кого ли в мозок се дупат
ме ставија на берзите како ефтина роба
и секојдневно ја менуваат мојата цена
искуствата лични ќе ги носам до гроба
оние со нив и оние со бившата жена
?
мртов сум господе, повреден и депресивен
и прифатен да бидам од некоја жена сакам
и со љубовта нејзина пак да бидам оживен
тогаш ќе престанам по беспатијата да акам
мртов сум господе, но ќе оживеам како и да е
ни една педа не можам напред да се поместам
огромно количество љубов во срцево мое чмае
сепак, ми треба уште малку време да се свестам
знам дека имам во умов некои несвесни блокади
последици од некои длабоки емоционални рани
постојано некоја подмолна јанѕа однатре ме јади
и моите слабости со негативна енергија ги храни
ти ми си потпора о господе боже, чувствувам и знам
и нема да се откажам од смислата, љубовта и одот
и се`, буквално се` од себеси тебе господе ќе ти дам
и верувам дека тогаш живот ќе му дариш на плодот
знам дека кога ќе заслужам ти ќе ми отвориш врата
а дотогаш најдоборото од себеси морам да го вложам
и ќе му се радуваме на убавината јас и ти, ние двата
и додека верувам во тебе, знам, сакам, умеам и можам
о боже, и покрај големиот број грешки од мене сторени
ти сеуште од длабочините на срцево тивко ми зборуваш
со љубов ги храниш сите мои надежи до смрт преморени
сал ти боже вистински ме љубиш и мудро ме прекоруваш
а јас од тебе и натаму постојано нешто ко питач молам
дај ми сила да издржам, дај ми жена што ќе ме прифати
а никако да се поместиш од срцево мое да ти дозволам
и на крајот пак ти си тој што мојата сметка ќе ја плати
прости ми господе што се чувствувам ранет и безвреден
фрлен покрај патот, во ендекот и прекриен со прашина
сокриен во себеси, истоштен, остарен и душевно беден
како некоја стара и во отпад фрлена `рѓосана машина
душа која си го отслужила своето и денеска никому потребна
отуѓена од тебе господе, повредена од себеси и од светот
чека и нејзе да и` дојде редот за последната поворка погребна
со земја да и` биде прекриено телото, а со заборав поетот
но, има во мене еден пргав и нескротлив, неразбирлив дел
има нешто во мене бунтовно, расколничко, бесно и диво
има нешто кое верува и знае дека самото на себеси си е цел
има во мене нешто непокорно, љубовно, креативно, живо
токму тоа господе ме бодри и не ме остава да рикнам на мира
не ми дозволува да се предадам, да се откажам од тебе и од себеси
и клокоти во срцево мое, како во некое буре што зоврива шира
и постојано сонува, трага, копнее по и тежнее кон твоите небеси

се обидов
се обидов да им зборувам на нивните умови помрачени
се обидов да им се доближам на нивните срца скаменети
бргу увидов дека од смртоносни дози глупост се озрачени
и катодните цевки со LED технологија не им се заменети
им зборував со јазикот на ангелите, за нив премногу чуден
а тие го изблуваа отровот од своите змиски јазици лукави
и за суета и кривоклетство, о господе, од нив бев осуден
и кога “докажаа“ дека сум луд, тие се почувствуваа “здрави“
чудно, не им се лутам, сочувствувам со таквите како нив
и си велам “господе, прости им, тие не знаат што прават“
јас знам, иако луд, сепак од нив сум повеќе здрав и жив
и знам дека и тие ангелски ќе зборуваат кога ќе оздрават

Subscribe to:
Posts (Atom)