Tuesday, March 12, 2019


Прво трпеливо изброј од еден до сто
Ако планираш качување на својот врв
За да не се рокниш од сопственото дно
Бидејки тоа се плаќа со данок во крв

Не, јас никогаш не бројам ни до еден
Јас верувам и скокам во живата река
И не ми е гајле дали ќе сум повреден
И баш ме боли на крајо шо ме чека

Знам дека животот по дифолт е ризик
Кој рескира некогаш губи некогаш добива
Е сеа опасно е ако се прајш голем шизик
Тогаш живото на секој чекор ќе те побива

Битно е да се стремиш кон своите цели
Со чисто искрено срце и со отворен ум
Бог сака студени умови и срца врели
З’ш камено срце и врела глава прат зулум

Последната лебедова игра




Во последно време ѕверот многу ми е здивен
Не знам дали е однатре или однадвор испровоциран
Повторно и на мене а и на светот му е кивен
Тешко ми е да го контролирам кога е изнервиран

Со отровни политички содржини го хранам
Не знам зошто повторно се навраќам на тие теми
Знам дека е его потреба да напаѓам и да се бранам
Мислев дека сум ги надминал тие несвесни шеми

Не знам дали несвесно реагирам на фреквенциите
Што во етерот се згуснуваат од ден во ден
Или ми е скурчено од инклинациите и девијациите
Односно срањата на секој политички деген

Знам дека се’ тече, а ништо не се менува
Јасно ми е дека само 9 и 7.62 му се лекот
Треба да ги стемнува, а да не ги разденува
Оние што го будат ѕверот во човекот

Но, Господе, еве, сега и овде го будам и јас
Мојот ѕвер, мојта животинска природа
И однатре рика со сиот свој глас
Сакам љубов, мудрост и слобода

И дали тоа е можно со 9 и 7.62 О  Боже!!!
Дали смртта е неминовност во оваа ситуација
Дали со добра мисла, покорност и трпение може
Од сето ова срање да се ослободи мојава нација

Ѕверот Господе многу беснее и многу се лути
А знам дека негативното не е решение
Но дали човек смее да си дозволи да ќути
И дали тоа сега и овде ми носи утешение

Песна за убавицата и ѕверот и кучката и романтичарот




И’ ги нацртав сите работи уште во стартот
И најмалку две години и’ требаа за да ме види
И’ ги раздвоив суштинските работи од шкартот
И’ дадов време да учи преку грешки и обиди

И’ кажав дека ако остани со срце отворено
И ако е спремна љубовта моја да ја прими
И’ кажав дека се’ што дотогаш и’ е сторено
И’ кажав како со рака однесено ќе и’ помини

Но, таа и денденес остана сомнежлива и уплашена
Таа и денденес, после две години не ми верува
Таа и денденес е конфузна, ш’ш’рдисана и вџашена
Таа и денеденес со погрешен аршин ме премерува

Јас сум за неа дебел, сиромашен и стар
Јас неа не и’ оставам впечаток на безбедност
Од мене во иднина би имала појќе зијан од ќар
Јас во нејзините очи имам многу ниска вредност

Нејзе и’ треба некој амбициозен, богат, секси и млад
Нејзе и’ е потребен некој што ќе и’ купува и ќе ја шета
Некој што со кој ќе се гордее ко ќе излези на плоштад
Некој што неа ќе ја третира како крава света

А јас нејзе ја третирам како, јеби га, таа нека кажи
Јас нејзе не сум ја повредил ни со збор нити со чин
Господе, нека цркне тој што сега и овде лажи
Господе прости ми мене, твојот заблуден син

Заблуден сум бидејки повторно грешам
Женската енергија ја третирам со премногу внимание
Повторно некои работи со его умот ги мешам
Повторно лукавиот врз мене има влијание
  
Доволно е, завршив, нека игра самата со себеси
Ја повлеков енергијата и сега да чекам ми останува
Пак си се свртив кон внатрешните небеси
Мојот ум е мирен, мојата енергија не се разбранува

Колку е добро кога даваш и ништо не очекуваш
Колку е добро кога прифаќаш и ништо не судиш
О колку лесно контактираш и лесно се повлекуваш
И колку кротко и покорно објаснуваш и се трудиш

Фала ти Господе што ме учиш преку искуства
Фала ти Господе што ме водиш по патот Твој
Фала ти што во љубов ги претвори моите чувства
Фала ти што ја прочисти сета зла крв и сиот гној

О убавино боженствена, ти дадов се’ што Бог ми дари
Споделив со тебе се’ што длабоко во срцево носам
Но ти сакаш повеќе, многу, најмногу секс, моќ и пари
А јас за малку подотворено женско срце просам

Оди си убавино и најди го оној што ќе ти го исполни сонот
Јас одамна не исполнувам туѓи планови и сништа
Јас другите привремено ги ставам и ги симнувам од тронот
И додека им е убаво се радуваат, а потоа бесно вриштат

Не, срце мое, одамна не очекувам и не се врзувам за други
Од срцево мое ја давам Божјата љубов безусловна
И за возврат не барам никакви ордени за заслуги
Напротив, очекувам да ме преплават со своите говна

И обично како по некоја матрица тоа и се случува
Испливуваат на површина сите ментално емоционални срања
Повторно секоја од вас пакт со лукавиот склучува
И во сопствената тиња ужива како во турска бања

Сочувствувам со вас, но да ви помогнам не можам
Не сум спасител, јас сум обичен човек од крв и месо
И сета своја љубов и мудрост во тебе да ја вложам
Јас на крајот добивам судење и калење на бесот

Се’ ти е кажано и се’ ти е од срце дадено, толку
Ако успеа да ме видиш арно, ако не, јеби га, то е
Ќе си заминам од твојот живот простум и молкум
И ќе го прифатам сето она во моментов што Е


1-ви Септември, 2016-то лето Господово

Ме фаќа иштав





во последно време ме фаќа иштав да си ја исчешам крастава моја, јазиков мој озлобен,
ме фаќа иштав да го изблувам гневот без спирка
да ги отервам у три лепе пичке материне спермалните отпадоци
менструалните исцедоци
генетската згура
рептилните реинкарнации
гојдата залакомени
куропушачите сколеничени
ми се гади од гнасојте
се грозам
иштав ме фаќа долга деветка да им впукам и око да не ми трепни
ме фаќа иштав крв да им пуштам безмилосно
додека народот ми се иселува
додека народот ми гладува
додека народот исплашен и егзистенцијално загрозен се труе ... го трујат со анксиолитици, антидепресиви и антипсихотици ...
додека народот ...
ах тој народ што си ги гласа сопствените џелати
иштав ме фаќа и пичкарам се' живо и диво без пардон и без цензура
и ич кур не ме боли
фалат тројките
фали Ќосето
фали Ченто
фалат мажишта шо ќе се истопорат пред светот и ќе речат:
КОЈ ВЕ ЕБА!!!
ЕВРОПО, НАТО, ЕВРЕИНУ ... КОЈ ВЕ ЕБА!!!
РОДОПРЕДАВНИЦИ!!!
ОВА Е МАКЕДОНИЈА!!!
и ќе гиниме до последен, ама вас ќе ве ништиме
ко шо ништел Ќосето
ко шо ништеле гемиџиите
ко шо ништеле комитите
КОЈ ВЕ ЕБА!!!
ЌЕ ВЕ УБИВАМЕ И ДЕЊЕ И НОЌЕ ... ЕДЕН ПО ЕДЕН!!!
сите кои ни стоите на патот
сите кои сакате да не не' биде
ЌЕ ВЕ НИШТИМЕ СИТЕ ДО ПОСЛЕДЕН!!!
ПИЧКА ВИ МАТЕРИНА ВАША!!!
иштав ме фаќа
иштав ме фаќа
иштав ме фаќа
...
(Превземено од Ажи П'ртение Зографски)

КОГА КАНИБАЛИТЕ СЕ ДРЗНАА ...



Денеска од другата страна на границата наша
Некакви документи за името ќе потпишуваат
И без никој за то мене човекот да ме праша
Од слободата на личен избор ме лишуваат

Политичари со дементни ментални структури
Спермални отпадоци и исцедоци менструални
Турбонитронуклеани будали и генетски згури
Кретеноидиопатскимороноритарди фекални

Рептилните реинкарнации и наследниците ѓаволови
Решиле да ми го избришат националниот идентитет
Магарината муртински заедно со бриселските волови
Сакаат да не постојам ко МАКЕДОНЕЦ во материјалниов свет

Канибалите сакаат да ме проголтаат за трен
Некрофилите над коските на претците ми се ситат
Ѕверот во мене врие, а романтичарот е во зен
Двајцата кројат план како од злото да ме заштитат

Ѕверот без око да му трепни спремен е да пука
Романтичарот е во молитва за исправно решение
И додека во градиве мои лавовско срце чука
Го молам Бога де ме води кон свесност и утешение

Се плашам да не бидам изигран од лукавиот его ум
Не сакам од неговите манипулации да бидам заведен
Сакам да се движам по правиот Боженствен друм
Сакам секоја мој иден чин да биде свесен и праведен

И утре ако треба да пукам сакам тоа да биде свето
Утре ако туѓа и/или своја крв пролеам нека е со право
Кога утре над крсто, камата и пиштоло ќе го дам завето
Нека со мирно срце и свесен ум во бој тргне лаво

Господе,
Нека биде волјата Твоја
И нека се слави името Твое
И нека се слуша словото Твое
Овде и сега, како сегде и секогаш
Во вечни векови

АМИН

17, Јуни 2018-то лето Господово

За живот ... Реално ...




О Господе, старите ветувачи нови ветувања ми ветуваат
И од мене на овие години да им верувам очекуваат
Оние што македонското енергетско поле го пореметуваат
Истите оние што македонскиот дух безочно го силуваат

Смртоносни се, а ЗА ЖИВОТ делат купишта памфлети
РЕАЛНО, овие другиве навистина им се конкуренција
Секој гледа свој личен интерес штом нешто ќе ти вети
Во џебот, стомакот и курот се наоѓа нивната есенција

РЕАЛНО вие сте организирана мафија и ништо друго
ЗА ЖИВОТ сте о вие канибалистички настроени зајачиња
И еден ден кога смртта ќе го затвори зад себеси круго
Ќе бидете во сопствената мрежа заплеткани пајачиња

Заврешена на 5.12.2016-то лето Господово

Девет милиметри до вистината



Со многу ментален отров е загаден етерот
Целото енергетското поле е негативно
Паролите ЗА ЖИВОТ ги одвеал ветерот
Се’ што некогаш беше наше сега е нивно

Наши беа фабриките, полињата, езерата
Наши беа реките, небото и планините
Наша беше љубовта и во Бога верата
Се додека не дојдоа црвено-жолто-сините

Наши беа стадионите, салите и базените
Наши беа трговските центри и болниците
Наша беше и крвта што течеше низ вените
Додека не почна непочитување на границите

Наши беа театрите, културните домови и кината
Наши беа спомениците, мостовите, булеварите
Денес единствено што е наше е ВИНАТА
За тоа што навреме не ги спречивме варварите

Оние што духот боженствен во нас го урнисаа
Оние што со страв срцата човечки ги исполнија
Оние што мамона сред храмот Божји го крунисаа
Оние што многу успешно зад лагата се засолнија

Ние го направивме гревот, ние, добрите и чесните
Ние ја носиме вината за она што не го сторивме
Ние што се ставаме меѓу посвесните и посовесните
Ние што за своите соништа не се изборивме

Туку дозволивме власта да ја земат психопатите
Со нас да владеат злите, лакомите и самоволните
Време е она што е наше со камата да ни го вратите
Вие емоционално мртвите и ментално болните

13.3.2018