Friday, October 19, 2007

Глас

Од гласот негов боговите паѓаа на теме
И затоа сега неговиот глас се слуша таму горе
А Бог, Бог сее живо семе и Тој жнее на време
И секоја капка дожд ја претвора во бесконечно море

Боговите ни завидуваа и затоа ни го украдоа
Гласот што срцата стврднати ни ги растреперуваше
Па сепак, фала им, што и нам на кратко ни дадоа
Да уживаме во гласот што со небесата царуваше

Еден ден, некаде, на оваа мала планета
Повторно гласот боженствен ќе се роди
За да ја доврши својата мисија света
И нас замаените со занесот свој да не ослободи

И додека овие стихови од срцево мое течат
Јас палам свеќа и молам за душата негова спас
И ако можат барем малку рани да залечат
Тогаш те молам Господе имај милост кон неговиот глас

Тоше, вечна ти памет и вечна ти слава
Ќе останеш великан во македонската историја
Вечерва без здив во градиве тагава ме остава
Вечерва ми недостасува една вистинска алегорија

Rest In Peace

2 comments:

  1. Откинат од срцево дел,
    тага по Тоше Господ што ни го зел.
    И не само гласот туку се во него имаше вредност.
    Премлад не напушти, во својата чедност.

    ReplyDelete